Потврдена посетата на Папата во Асизи

Ватикан, 24.5.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо ќе го посети градот Асизи на 4 октомври. Ова беше соопштено во четврток 23 мај од страна на Доминик Сорентино, епископ од Асизи. Ватиканскиот портпарол Федерико Ломбарди ја потврди информацијата: „Епархијата се радува на посетата на Папата“- стои во соопштението од епископот Сорентино. Оваа посета на Асизи ќе се случи на празникот свети Фрањо, светецо по кога Светиот Отец го зеде своето папско име. Меѓу другото во сoопштението се вели дека се работи за „поклоничко патување на Папата“ на местото каде што почива свети Фрањо.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<