Последните зборови на Кјара Луче: „Бидете среќни затоа што јас сум среќна„

Последните зборови на Кјара Луче: „Бидете среќни затоа што јас сум среќна„

Младата блажена Кјара Луче Бадано починала на 7 октомври 1990 година во 19 година од животот од малиген тумор на коските. Обележувајќи ја нејзината 30 годишнина од нејзиното преминување во вечноста се присетуваме на моќната сила со која оваа девојка ја носела својата болест, трпела големи болки и се подготвувала за сопствената смрт.

Кјара Луче Бадано е млада девојка родена во 1971 година, а во вечноста се преселила на 7 октомври 1990 година во 19 година од животот, умирајќи од малиген тумор на коските, еден од најтешките и најболни облици.

Од примерот на Кјара може да се види како таа ја сфатила суштината на христијанството: во животот најважна ѝ била љубовта кон Бог и ближниот и се трудела Евангелието што повеќе да го применува во секојдневниот живот.

Мислам дека љубовта е поважна од стравот

Со големо внимание ги слушала евангелските параболи и внимателно се подготвувала за примањето на Исус во Евхаристијата. Ги трогнала луѓето со своето однесување и со големата концентрација додека Го слушала Словото Божјо. Ги посетувала старите луѓе во домот за пензионери. Нејзиниот живот бил полн со мали дела на љубов. Една вечер напишала: „Една моја пријателка има сипаници и сите се плашат да отидат да ја посетат. Со дозвола на родителите одлучив да отидам кај неа за да не се чувствува осамено. Мислам дека љубовта е поважна од стравот. (…)

Поминала неколку тешко операции

Кога наполнила 17 години дијагностициран ѝ е тежок облик на рак на коските и од тогаш поголемиот дел од времето го поминува во болница. Поминала неколку тешки операции, а на третата операција ампутирана ѝ е ногата што за Кјара бил болен момент, но со љубов го прифатила.

Еден од нејзините лекари забележал: „Со својата насмевка и со своите очи полни со светло ни покажа дека смртта всушнст не постои. Постои само живот.“ Кардинал Салдарини слушнал за оваа неверојатна тинејџерка и отишол да ја посети во болницата. Целосно зачуден рекол: „Светлото во твоите очи е блескаво. Од каде доаѓа?“ Одговорот на Кјара бил едноставен: Се обидувам да го сакам Исуса колку што можам повеќе.“

Иако трпела силни болки одбивала да земе морфиум: „Ја намалува мојата луцидност“ и додава, „и сега можам да направам само едно: да го понудам целото страдање на Исус затоа што сакам што повеќе да учествувам во неговото страдање на крстот.“ (…)

Нејзините последни зборови биле: „До гледање. Бидете среќни, затоа што јас сум среќна.“

Една вечер доживеала обично крварење и мислеле дека ќе умре. Забележувајќи ја нивната загриженост и солзите рекла: „Не плачете над мене. Јас одам кај Исус. На мојот погреб не сакам луѓе кои плачат, туку кои гласно пеат.“

Заедно со својата мајка Кјара Луче се подготвувала за својата „венчавка“, за својот погреб и од неа побарала да ја погребаат во венчаница. Како што се наближувал крајот на нејзиниот краток живот, говорела на својата мајка: „Додека ме подготвуваш мамо само непрестано повторувај на себе: „Кјара Луче сега го гледа Исус.“ Семејството и пријателите биле со неа. Нејзините последни зборови биле: „До гледање. Бидете среќни затоа што јас сум среќна.“

Кјара Луче е прогласена за блажена на 25 септември 2010 година.

ХКМ/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва
Ознаки Кјара Луче

За авторот