На делегацијата од Ломбардија, во која беа претставниците на подрачјата најмногу погодени од коронавирусот, папата Фрањо искажа голема благодарност за промоторите на културата на близина и нежност, односно на лекарите, болничарите, медицинските техничари, како и најбројните свештеници, кои со својата пожртвуваност и креативност секогаш ба покрај болните и нивните семејства, па и по цена на сопствените животи.
Во тешките месеци од епидемијата, која имаше потресни и неочекувани последици, почувствувавме голема благодарност кон лекарите, болничарите и медицинските техничари, кои беа на првата линија во извршување на тешката, а понекогаш и херојска служба, па дури и по цена на животот, тие беа носечки столбови на Италија поради здравствената криза од коранвирусот – рече папата Фрањо во сабота 20 јуни 2020 година, примајќи ја во аудиенција делегацијата на италијанската покраина Ломбардија, една од најпогодените покраини заедно со Пиемонт, Емилија Ромања и Венето.
На крајот папата Фрањо се заблагодари и на целиот италијански клер кој даде доказ за храброст и љубов кон луѓето – рече папата Фрањо и упати поттик до сите лекари, медицински лица, волонтери и свештеници и на Бог посветени лица да не заборават низ сè што поминаа.
Ватикан њуз/к.мк