Послание од Синодата до семејствата жртви од воените конфликти

Близина и солидарност со сите семејства кои страдаат од бројните воени конфликти”. Ова е пораката објавена од вонредната Синода за семејството, која се одржува во Ватикан. Во документот се упатува и апел за мир во Ирак, Сирија и на Блискиот Исток.

„Ја делиме братската загриженост на Светиот Отец, изразувајќи сочувство кон сите кои страдаат од војните”, стои во текстот на пораката, во која се упатува и „молитва за ирачките и сириски семејства принудени на бегство и неизвесна иднина, заради исповедување на христијанската вера или поради нивната припадност кон различни етнички или верски заедници”. „Заедно со папата Фрањо”, посочуваат синодските отци, потврдуваме дека никој не може да се служи со Божјото име за да врши насилства и „да се убива во името на Бог е сквернавење” (од говорот на Папата до верските лидери, Тирана, 21 септември 2014 година).

„Искажуваме благодарност на меѓународните организации и држави за покажаната солидарност”, пишуваат синодскитеотци. „Ги повикуваме луѓето со добра волја да обезбедат потребна поддршка и помош на невините жртви од злосторствата и истовремено се обраќаме до Меѓународната заедница да вложи напори за обновување на мировниот соживот во Ирак, Сирија и на Блискиот Исток”. Исто така „мислиме и за сите семејства во светот, кои страдаат и поднесуваат постојани насилства. Им ја гарантираме нашата постојана молитва за да Бог ги промени срцата и да им дарува мир и стабилност на луѓето, подложени на искушенија”.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот