Посета на Паљурци и Дојран
Децата од Радово својот завршен квиз по веронаука за школската година 2014/15 оваа година го имаа во Паљурци во средата на 24 јуни.
Децата подготвени и задоволни го прифатија предлогот на парохот о. Зоран со штопланираното патување беше договорено и се раализираше со заедничко патување на околу 40 учесници, односн децата од шесто до деветто одделение заедно со своите вероучители о. Трајче Ташев, о. Илија Стојанов, о.ѓакон. Ванчо Назов и м-р Атанас Сирачев.
Прва собирна точка беше местото каде е камен темелникот на црквата св. Апостол Павле во Паљурци, каде што се започна со молење на света Бројаница, следуваше квизот кој се одвиваше над Паљурскот езеро, а се заврши со посета на Стар Дојран и убавото Дојранско езеро.
Завршетокот на учебната година за децата од основното училиште (од прво до девето одделение) оваа година е во правец на запознавање со проектот: „КАРИТАС – ЉУБОВ Јас сакам Радово да е чисто – Сакаш ли и ТИ?! Иницијатива за почисто Радово“. Проект кој се реализира во Парохиски Каритас Радово заедно со младите и средношколците од парохијата.
з.и.с.