Како Мајка Тереза да ги отвориме хоризонтите на радоста и надежта за многу луѓе кои се обесхрабрени и на кои им е потребно разбирање и нежност – напиша папата Фрањо во својата порака на Твитер.
Како Мајка Тереза да ги отвориме хоризонтите на радоста и надежта за многу луѓе кои се обесхрабрени и на кои им е потребно разбирање и нежност – напиша папата Фрањо во својата порака на Твитер по повод празникот на светицата која ја прогласи за света на 4 септември 2016 година за време на свеченото литургиско славење на плоштадот Свети Петар.
Во пригодната проповед Светиот Отец истакна дека за света Мајка Тереза милосрдието било „сол“ која давала вкус на нејзината работа и „светло“ кое светело во темнината за многумина кои повеќе немале ниту солзи за плачење од своето сиромаштво и страдање. Нагласи дека нејзиното послание останува „елоквентно сведоштво на Божјата близина до најсиромашните меѓу сиромашните.“
Папата Фрањо потоа кажа дека Мајка Тереза во сите аспекти од својот живот било „великодушна делителка на Божјото милосрдие“ и била на располагање на „сите преку своето прифаќање и заштитата на човечкиот живот, на неродените, напуштените и отфрлените.“ Таа била „посветена на заштитата на животот, постојано истакнувајќи дека „неродените се најслаби, најмали и најранливи“ – нагласи Папата. Светицата од Калкута се „наведнувала пред истрошените, кои се оставени да умираат на улицата, гледајќи го во нив од Бог даденото достоинство; таа го подигнувала својот глас пред моќниците на овој свет, за да ја видат вината за злосторството на сиромаштво кое го создале.“
На волонтерите Светиот Отец им ја препорачал толку Мајка Тереза како пример за светост. „Нека нам таа неуморна работничка за милосрдието ни помогне се повеќе да сфатиме дека единствен критериум за делување е бесплатната љубов, ослободена од секоја идеологија и сите наврзаности, давана на сите без разлика по јазик, културата, расата или религијата. На Мајка Тереза ѝ се допаѓало да каже: „Можеби не го зборувам нивниот јазик, но можам да се насмевнам“ – рече папата Фрањо на крајот од проповедта. (…)
РВ/к.мк