Во пораката која ја испрати до ООН за храна и земјоделство (ФАО), а која е објавена на 29 мај 2019 година, Папата изрази надеж дека одбележувањето на декадата на ОН за семејно земјоделство ќе биде можност за искоренување на гладот и будењето на поголема свест во општеството за потребите на нашите браќа и сестри.
Во семејството се учи да се живее еден со друг и да се биде во склад со светот кој нѐ опкружува – е една од мислите од пораката на Папата која ја испрати до директорот на ООН за храна и земјоделство Хозе Грацијан де Силва, по повод декадата за семејно земјоделство, која трае од 2019 до 2028 година. Станува збор за иницијатива која до 2030 година сака да се постигне стапка од нула проценти глад, како и други цели на одржлив развој од Агендата 2030, односно искоренување на гладот, постигнување на прехранбена сигурност, подобрување на прехраната и промовирање на одржливо земјоделство.
Семејството – пример за одржливо земјоделство
Папата во пораката потсети дека секое семејство прави мрежа на односи, и дека тоа е плоден хумус, пример за одржливо земјоделство, кое има позитивни последици за земјоделскиот сектор, но и за целото човештво и за зачувување на животната средина. Во семејството се применува принципот на надополнување, средство кое ги уредува односите, затоа семејството може да соработува, заедно со јавните власти, со цел развој на селските подрачја, не занемарувајќи ја целта за општо добро и давајќи предност на оние во најголема потреба.
Придонесот на жените и младите
Папата Фрањо не пропушти да го спомне посебниот придонес на женските гени во семејното земјоделство, кои посебно се видливи во земјите во развој, затоа што жените се вклучени во сите фази на производството на храна, од сеење до жетва, грижа за добитокот, како и тешка работа. Папата ја истакна можноста за работа на младите во земјоделскиот сектор, која станува стратешки во националниот интерес на многу земји – пишува Папата.
Да се обнови образовниот систем
Потоа Папата поттикна за обнова на образовниот систем, кој би одговарал повеќе на потребите на земјоделскиот сектор, и така да се вклучат младите на пазарот за труд. Воспитниот систем треба да понуди повеќе од едноставно пренесување на знаењето и да да ја интегрира еколошката култура – рече Папата и истакна дека е важно да се овозможи на народите средства за искоренување на гладот. Освен тоа, повика и на обединување на силите и на брзо дејствување, со пристап кој води сметка за основните човечки права и меѓугенерациската солидарност, како основа за одржливоста.
Ватикан њуз/к.мк