Порака на Папата за ЕКСПО 2017

Порака на Папата за ЕКСПО 2017

Папата Фрањо во пораката по повод Националниот ден на Светиот Престол на ЕКСПО 2017, кој се одржува во главниот град на Казахстан, Астана, а е посветен на тема „Енергија на иднината“. Светиот Престол својот павилјон го уреди на тема „Енергија за општо добро: грижа за заедничкиот дом“. Во него се продлабочува темата за енергијата на иднината, сфатена како можност за промовирање на човекот и за подобрување на „заедничкиот дом“ врз основа на праведно и одржливо користење на природните богатства.

Во својата порака Папата истакнува дека е потребно сериозно и одговорно да се размислува за тоа, со цел човештвото во претстојните години да може да користи иновативни технологии и да може мудро да се служи со енергетските ресурси, кои се наше заедничко наследство. Сите ние сме свесни на фактот дека нашето користење на тие ресурси е клучно за здравјето на нашиот свет и благосостојбата на нашите општества, благосостојба која треба да биде разгледувана на целосен начин, а не само како економска благосостојба или како поголем потенцијал за потрошувачка – предупреди папата Фрањо и додаде дека сега мораме да преземеме соодветни мерки како би се гарантирала енергија која ќе се користи за унапредување на нашите животи и да допринесе за напредок на нашето човечко семејство, и по природа сме повикани на плодоносно меѓуделување, солидарност и љубов.

Светиот Отец предупреди дека не смее да се дозволи енергетските ресурси да станат предмет на немилосрдните финансиски шпекулации или да станат извор за конфликти. Токму поради таа причина поттикна на сеопфатен и искрен дијалог на сите нивоа и меѓу различните општествени сектори, бидејќи „енергијата на иднината“ нема врска само со истражувачите и вложувачите, туку претставува предизвик за културата, политиката, образованието и религијата.

Папата пишува како се надева дека различните вероисповеди ќе учествуваат во тој дијалог и соработка (…) Важно е за сите нас во нашите сопствени верски традиции да пронајдеме поттик и начела кој овозможуваат или поттикнуваат определување, храброст за унапредување и истрајност, за заедничко живеење како браќа и сестри – напомена папата Фрањо. Начинот на кои ги користиме ресурсите зборува колку добро ја извршуваме задачата која ни ја довери Бог – како што сведочат бројните верски традиции – имено да се грижиме за светот околу нас како и за другите човечки битија. Ако ја користиме енергијата на солидарен и одржлив начин тогаш добро ја извршуваме таа задача. Ако тоа не е случај, не ја извршуваме добро таа задача. Во прашање е нашето достоинство; во игра се правдата и мирот. Како би се промовирала свеста за тоа, Светиот Престол својот павилјон на ЕКСПО во Астана го уреди на тема „Енергија за општо добро: грижа за заедничкиот дом“.

Нека Семоќниот Бог, Создател даде ЕКСПО 2017 да биде поука и постојано надахнување и нека ги благослови нашите заеднички напори како и би ги исполниле – стои на крајот од пораката на папата Фрањо.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот