Порака на Папата до учесниците на Евхаристискиот конгрес во Костарика
Ватикан, 22.4.2013 /к.мк/ – „Засилен молитвен живот, за да може Евхаристијата да биде вистинскиот центар во животот на христијанските заедници, каде благодарноста и делувањето на благодатта да бидат импулс за обновена евангелизација и црковно заедништво“. Овој повик го упати папата Фрањо до учесниците на Националниот Евхаристиски конгрес во Коста Рика. Тема на конгресот е „Евхаристијата, Леб на животот за нашиот народ“. Во пораката, Папата посака „сите крстени да црпат изобилни духовни сили од Пресветата олтарска Тајна“ за изградба на еден поправеден и помирен свет, според пораката на Исус Христос. На крајот папата Фрањо ги довери црковните пастири и верниците на „со љубов богатото покровителство на Дева Марија на Ангелите“ упатувајќи им апостолски благослов.