Порака до италијанските католички лекари од Папата

Папа Фрањо испрати порака до учесниците на средбата на Здружението на италијански католички лекари, која овие денови се одржува на тема „Етика и ревизија на здраствените трошоци: конфликти и сојузи во етиката, научни докази и економски средства“. Во пораката потпишана од кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар, Светиот Отец на учесниците им посакува пријатна работа и остварување на „секогаш новите цели“ во служба на луѓето и медицинскиот напредок, секогаш во сојуз со трајните човечки и христијански вредности.

Папата ги повика италијанските католички лекари на современата култура, која е обележана со секуларизмот и релативизмот, да ѝ пружат важен придонес кон христијанската мисла, која – како што рече – отвора пат кон етичката и духовната реалност, а и ја расветлува вистината. Потсетувајќи ги учесниците да молат за него, на крајот од пораката им го упати својот апостолски благослов.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот