На празникот Раѓање на свети Иван Крстител – Иванден, 7 јули 2022 година, во Католичката црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија се служеше света Литургија за душата на покојниот Иван Пенов, кој трагично го загуби својот живот на 18 годишн возраст. По светата Литургија преку фондацијата „Иван Пенов“ родителите на Иван донираа на Црквата 18 пакети со храна за сиромашни семејства и болни лица.
Во име на сиромашните и болните сестрите Евхаристинки искажуваат благодарност за подадената рака, посакувајќи Господ да биде со нив и да им ги дава сите благодати.
Иван Пенов како мал беше згрижен во градинката на Сестрите Евхаристинки во Гевгелија, а семејството Пенови се поврзани со сестрите и нивните страдања и маката за загубата на синот ја споделуваат со нив. Разделбата со нивниот син ја прифатија на христијански начин, во молитва и делење милостиња на луѓето во потреба.
Ватикан њуз/к.мк