Европската унија и меѓународните донатори обезбедија за Сирија речиси 13 милијарди евра. Тоа е резултатот од IV. конференција за поддршка на население во таа земја која е во војна веќе десет години.
По повод конференцијата папата Фрањо преку Твитер на 30 јуни поттикна на молитва за таа средба – како што напиша, за на прво место да биде доброто на народите на кои им е потребна здравствена грижа, училишта и вработување. Главниот секретар на ООН од своја страна побара политичко решение.
Речиси 7 милијарди евра од кои 4,9 милијарди за оваа година и две милијарди со повеќегодишни обврски од 2021 година понатаму, се загарантирани на 30 јуни, на IV. конференција одржана во Брисел на тема „Поддржете ја иднината на Сирија и на целиот регион“, на која заедно претседаваа Европската инија и ООН. Освен тоа, финансиските институции и меѓународните донатори ветија исто така 6 милијарди евра како заеми со привилигирани услови.
Обединетите нации и понатаму, секој месец на милиони Сириици им гарантираат храна, здравствени услуги и образование. Се спроведуваат исто така програми за психолошка помош на оние кои претрпеле траума, а им се обезбедува и правна помош. Заради тоа сите учесници на спомнатата конференција упатија апел освен обновување на обврските, исто така да се зајакне економското и финансиското анагажирање за сирискиот народ и за земјите кои примаат бегалци. Имено, целта е да се продолжи да се поддржува Сирија за да може повтoрно да го заземе своето место во меѓународната заедница – е истакнато на конференцијата.
Ватикан њуз/к.мк