Група верници во организација од парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица на 11 октомври 2017 година се упатија на поклоничко патување во манастирите Свети Гаврил Лесновски, во близина на Злетово и Свети Јоаким Осоговски, кој се наоѓа во близина на Крива Паланка.
Групата верници беше составена од разни возрасни групи, така што во неа имаше деца, млади и возрасни лица. Поклонението започна со света Литургија во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица, предводена од о. Гоце Костов и о. Атанас Сирачев, а патувањето беше исполнето со молитви, црковни песни, духовни разговори и дружење.
На враќање го посетија и комплексот Етно Село во близина на Куманово.
к.мк