Поддршка од Светиот Отец за мигрантите на границата помеѓу Полска и Белорусија

Поддршка од Светиот Отец за мигрантите на границата помеѓу Полска и Белорусија

Папата Фрањо одлучи да испрати парични прилози во износ од 100 илјади евра на погоденото население на Филипините после разорниот тајфун Раи, како и за мигрантите на границата помеѓу Полска и Белорусија.

Според проценките на Обединетите нации погодени се околу 8 милиони луѓе во 11 региони и има значајна материјална штета во Филипините после разорниот тајфун Раи кој го погоди архипелагот на крајот на минатата година. Папата Фрањо одлучи да испрати прилог од 100.000 евра како помош на тамошното население преку Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој, објави самата дикастерија во соопштение.

Во соработка со Апостолската нунцијатура на Филипините износот ќе биде насочен на локалната Црква и наменет за епископите кои најмногу се погодени за да се употреби за помош.

Тоа е непосреден израз на духовната близина на Папата и татковско охрабрување на погодените луѓе и подрачја. Папата посебно ги спомна погодените по молитвата Ангел Господов на 19 декември 2021 година.

Овој прилог придружен со молитвена поддршка за саканото филипинско население е дел од помошта која е започната во целата Католичка црква и освен на ниво на епископски конференции учествуваат и голем број каритативни организации.

Светиот Отец исто така одлучи да испрати парична помош на мигрантите на границата помеѓу Полска и Белорусија, како и на Каритас Полска за решавање на вонредната состојба со миграциите на границата, објави дикастеријата.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот