Папата за време на молитвата Ангел Господов се осврна на својата вчерашна Апостолска посета на Сицилија, и на верниците на плошадот Свети Петар им подари крст, кои ги поделија монаси, монахињи, сиромашни и бегалци.
После молитвата Ангел Господов Светиот Отец го спомна вчерашниот ден поминат на Сицилија и им се заблагодари на сите кои учествуваа во таа негова посета, како и на целиот – како што рече – прекрасен народ во прекрасната Сицилија, за неговиот срдечен пречек. Примерот и сведоштвото на дон Пуглуси и понатаму нѐ осветлуваат сите нас и ни потврдуваат дека доброто е посилно од злото и дека љубовта е посилна од омразата – рече Папата и повика Божји благослов на сите Сицилијанци и на нивниот остров.
Поздравувајќи ги поклоничките групи, Папата најави изненадување за сите присутни на плоштадот Свети Петар. Денес два дена после празникот Воздвижение на чесниот Крст би сакал на вас кои сте овде на плоштадот да ви подарам крст. Крстот е знак на љубовта на Бог кој во Исус го даде животот за нас – рече Папата и ги повика присутните да го прифатат тој дар и да го понесат во својот дом, во детската соба, кај бабите и дедовците… било каде – како што рече – но да се гледа во домот. Тоа не е украсен предмет, туку верски знак пред кој треба да молиме и размислуваме. Гледајќи го распнатиот Исус го гледаме своето спасение – истакна папата Фрањо и им се заблагодари на монасите, монахињите, сиромашните и бегалците кои на присутните им го поделија тој – како што рече – мал, но скапоцен дар.
Ватикан њуз/к.мк