Бискупот Стојанов се помоли пред моштите на свети Јоаникиј Ракотински

Бискупот Стојанов се помоли пред моштите на свети Јоаникиј Ракотински

Во четврток 28 септември 2017 година, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов, во придружба на о. Марјан Ристов, канцелар на истоимените црковни институции, го посети поглаварот на МПЦ – ОА, Г. г. Стефан.

На пријателската и братска средба бискупот Стојанов ги изрази своите честитки до Неговото Блаженство за прогласувањето за светец на архимандритот Јоаникиј Ракотински, со молитва нововброениот светец да се застапува пред Господа Бога за сиот македонски народ и сите луѓе со добра волја за општо добро во општеството и духовен раст во нашите црковни заедници.

По кратката средба бискупот Стојанов во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ се помоли пред моштите на свети Јоаникиј Ракотински.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот