Писмо на папата Фрањо до Неговата Екселенција Ѓорге Иванов по повод отворањето на 13. Школата за млади лидери

Писмо на папата Фрањо до Неговата Екселенција Ѓорге Иванов по повод отворањето на 13. Школата за млади лидери

Ви благодарам за Вашето писмо со подарок на изданието за комеморација на тригодишнината од мојата посета на Република Северна Македонија. Благодарен сум и за Вашата покана да се обратам со неколку зборови до 13-тото издание на Школата за млади лидери и испраќам добри желби до сите присутни на церемонијата на отворање.

На посебен начин, ги поздравувам младите учесници од Македонија и пошироко, собрани да ја обработуваат темата на „Морално лидерство“ во денешниот свет. Различните кризи и предизвици кои ги искусивме во последните години – од пандемијата до глобалното влијание на војната – ја прават уште поочигледна важноста на создавање на утрешни лидери со вечните основни доблести на разумност, правда, цврстина и умереност.

Сепак, таквите доблести доаѓаат не само како резултат на човечкиот напор, туку се и божествени дарови што ни ги отвораат срцата за посветена грижа кон другите. Навистина, можеме да кажеме дека целиот внатрешен и духовен раст на животот на човекот на крајот се мери со љубов, која им дава насока на доблестите и ги прави плодни (cf. Fratelli Tutti, 92).

Во суштината на задачата, значи, да се подготват младите луѓе да преземат високи одговорности за водење на другите во иднина, се молам тие да бидат приемчиви за мудроста за која зборува Свети Павле во неговото Прво послание до Коринтјаните: „Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар што ѕвони, или кимвал што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера, што и планини да преместувам – ако љубов немам, ништо не сум“ (13:1-2; Глава 13, стихови 1-2).

Затоа, се надевам дека со срца и умови обележани со доблести и управувани од милосрдие/добротворност, присутните млади луѓе ќе можат да понудат „морално лидерство“ за градење иднина заснована на соработка која може да ја надмине поделбата и да го поттикне мирот и братството на нашата човечка фамилија (cf. Fratelli Tutti, 127).

Со овие чувства, повикувам за Божји благослови на мудрост и мир над сите кои учествуваат во Школата за млади лидери.

 

Папа Фрањо, с.р.

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот