Пиететот – карактеристика на Божјото милосрдие

Меѓу мноштвото карактеристики на милосрдието е и чувството на длабока почит кон оние на кои им е потребна љубов. Мора да се чуваме пиететот да не го поистоветиме со пиетизмот помалку или повеќе распространет кој се покажува како површна емоција, а го навредува достоинството на другиот човек – рече Папата.

Генералната аудиенција во Јубилејот на милосрдието на 14 мај 2016 година Светиот Отец ја започна со осбрт на времето. Изгледа дека денот не е многу добар, но вие сте храбри и дојдовте и покрај дождот… ви благодарам. Оваа аудиенција се одвива на две места: заради дождот болните се во салата Павле VI попријатно им е и да следат преку големиот екран, а ние сме овде на плоштадот Свети Петар. Обединети сме, а ви предлагам да ги поздравите со аплауз. Не е лесно да се ракоплеска со чадор во рацете – рече папата Фрањо.

Меѓу мноштвото карактеристики на милосрдието е и чувството на длабока почит кон оние на кои им е потребна љубов. Почит, длабока почит како поим го наоѓаме во грчко-римскиот свет каде што се означувал чинот на покорност кон поглаварите: во прв ред посветеноста на боговите потоа почитта на децата кон родителите, посебно постарите. Денес напротив мора да се чуваме пиететот да не го поистоветиме со пиетизмот помалку или повеќе распространет кој се покажува како површна емоција, а го навредува достоинството на другиот човек – рече Папата додавајќи:

Исто така не треба да се меша пиететот со сожалувањето кон животните кои живеат со нас. Имено ни се случува понекогаш да се има тоа чувство кон животните, додека кон браќата се искажува рамнодушност. Колку пати гледаме како некои луѓе се приврзани на мачки, кучиња, а не обраќаат внимание на гладните, на соседите кои се во потреба – рече Папата.

Сакаме да зборуваме за пиететот како знак на Божјото милосрдие за еден од седумте дарови на Светиот Дух кој Господ ги дава на учениците да ги направи „послушни на божественото вдахновение“ (ККЦ 1830). Во евангелијата многу пати е опишан спонтан крик упате до Исус од болните, опседнатите, сиромашните или ожалостените луѓе: „Помилуј ме“ (Мк 10, 47-48; Мт 15, 22; 17, 15). Исус на сите им одговара со милосрден поглед и со својата утешителна нежност – истакна папата Фрањо и продолжи:

Секој со тие повици за помош или барање за смилување ја изразувал својата вера во Исус нарекувајќи го „Учител“, „Сине Давидов“ и „Господ“. Чувствувале дека во Него има нешто посебно што би можело да им помогне да се ослободат од бедната состојба во која се наоѓале. Во Него ја чувствувале Божјата љубов – објасни Светиот Отец.

Дури и кога го опкружувале мноштво народ Исус го забележувал барањето за помош и се сожалувал посебно кога ќе видел луѓе кои трпат, чие достоинство било рането како во случајот со жената која боледувала од крвотечение (Мк 5, 32). Тој ги поттикнувал да веруваат во Него и на Неговото Слово (Ив 6, 48-55). Сомилоста за Исус била истото што и учествувањето во нечија жалост, заземајќи се лично жалоста да се претвори во радост – рече Папата.

И ние сме повикани во своето однесување да го негуваме пиететот пред бројните ситуации во животот отстранувајќи ја од себе рамнодушноста, која спречува да се препознае потребата на браќата кои нè опкружуваат и да се ослободиме од робувањето на материјалната благосостојба (1Тим 6, 3-8) – рече Папата и повика да се наследува Дева Марија.

Да се огледаме на Дева Марија која се грижи за секое свое дете, Таа за нас е христијанска слика за пиетет. Данте Алигери тоа го изразува во молитвата до Богородица која е на врвот на Рајот: „Во тебе милосрдие, во тебе сомилост, (…) во тебе е присутно сè она што е добро во созданијата (XXXIII, 19-21). Благодарам – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот