Пет доблести од сведоците на првиот Велигден

Пет доблести од сведоците на првиот Велигден

Светите луѓе кои се појавуваат во настаните поврзани со воскресението на Исус се важни примери за сите христијани.

Кога го читаме евангелието поврзано со деновите за Воскресението, откриваме дека главните актери се жени. Жените го следеле Христос додека тој го носел крстот, го откриле празниот гроб и го сретнале воскреснатиот Христос.

Но, можеме да научиме многу и од мажите кои биле сведоци на првиот Велигден.

Тоа се петте свети луѓе – Свети Симон од Кирена, Свети Јосиф Ариматејски, Свети Петар, Свети Дизма и Свети Апостол Иван. Секој од нив ја открива крепоста, на која Христовите следбеници се повикани да ја поседуваат пренесува Алетија.

Милосрдие – Свети Симон од Кирена

„Милосрдието не е само една димензија, туку центар на христијанскиот живот: нема христијанство без милосрдие. Ако целото наше христијанство нѐ не води до милосрдието, тогаш одиме на погрешен пат, бидејќи милосрдието е единствената вистинска цел на секој духовен пат. Тоа е едно од најубавите плодови на љубовта“, стои во Катехизмот на Католичката црква. Свети Симон му даде поддршка, добрина и помош на самиот Христос во неговите најтешки моменти. Неговиот пример нè поттикнува да се прашаме: „Како можам да им помогнам на оние околу мене да го носат крстот?“

Почит – Свети Дизма

Кога „добриот разбојник“, Свети Дизма слушнал како другиот разбојник му се потсмева на Исус, го прекорил и застанал во одбрана на Христос. Неговиот чин на чест и почит кон Христа ги потсетува христијаните да се поклонуваат на Бога во сè што правиме и да не толерираме непочитување на свети луѓе или предмети.

Цврстина – Свети Иван Апостол

Тој бил единствениот од апостолите кој останал на Исусовото распнување. Тоа нè поттикнува да ја наследиме неговата цврстина, крепост која обезбедува цврстина и постојаност во неволјите и ни овозможува да го надминеме стравот, дури и стравот од смрт, и да се соочиме со искушенија и прогони.

Великодушност – Свети Јосиф од Ариматеја

Почитуван член на Синедрионот, Јосиф тајно бил Христов следбеник и ја презел одговорноста за неговиот погреб. Тој му го даде својот сопствен гроб на Христа и со љубов го положи неговото тело. Неговите внимателни постапки покажуваат дарежливост, великодушност и сочувство.

Покајание – Свети Петар

Улогата на Свети Петар во евангелието не е многу чесна. Заспа во Гетсиманската градина и трипати се одрече од Христа. Сепак, Христос го избра за прв Папа, и покрај неговите неуспеси затоа што Свети Петар знаеше како вистински да се покае и секогаш се обидуваше повторно. Сите би можеле да ја наследуваме неговата истрајност во крепоста и подготвеност да се покаеме!

Алетија/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот