Пет години од месечните видео пораките на Папата со молитвена накана

Пет години од месечните видео пораките на Папата со молитвена накана

По повод пет годишнината од иницијативата создадена со цел во целиот свет да се споделат молитвените накани на Папата, меѓународниот директор на Папската молитвена мрежа ја објасни причината за сѐ поголемата популарност: „Тој е едноставен и краток начин за да се почувствуваш во заедништво со целата Црква.“

Кога пред пет години сѐ започна патер Фредерик Форнос не очекувал глобален успех кој набргу го допрел со рака. Си мислев – рече трогнат меѓународниот директор на Папската молитвена мрежа – дека проектот ќе трае три месеци најмногу година дена. Меѓутоа тој веќе трае многу долго. Онаа кратко видео во траење од нешто повеќе од минута во кое Папата зборува за своите месечни молитвени накани кои ги доверува на целиот свет има 155 милиони прегледи на социјалните мрежи, и до сега поттикна објавување на повеќе од 17.000 статии во меѓународниот печат. Треба да се потсети – додаде, дека социјалните мрежи помогнаа за да се постигне тој успех, ватиканските медиуми затоа што тој проект од самиот почеток се создаде во соработка со Ватикан Медија.

Идејата на Папската светска молитвена мрежа да оствари едноставено и кратко видео во кое Папата може да ги допре срцата на верниците поттикнувајќи ги да се соеднинат во молитвата на сите краишта на планетата, е родена на крајот на Јубилејот на милосрдието кој заврши во 2016 година. Патер Форнос објасни дека целта беше да се пронајде ново изразување кое на сите би им помогнало да се молат за наканите на Светиот Отец. Сакавме да објасниме зошто е важно на пример да се моли за човечкото братство или за мир како што побара Папата. И фактот дека секој пат нѐ поттикнува самиот Папа со своите зборови верувам дека тој е вистинскиот клуч за успех – истакна патер Форнос. (…)

Исто така изненадувачки е да забележиш дека околу тој мал Папски видео запис се обликува вистинска заедница. Патер Форнс тоа го потврди. Кога го објавуваме видеото на Папата слушаме повратни информации кои ни доаѓаат од нашите национални канцеларии ширум светот и коментари од луѓето и секој пат се изненадуваме кога ќе сфатиме дека сега сме веќе сите во заедништво, задржувајќи ги секако нашиот повеќекратен идентитет – рече патер Форнос.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот