Како плод на Синодалниот од 2021-2023 на Црквата во Македонија, во сабота 18 декември 2021 година се одржа еколошка акција, во која имаше и молитвен дел, а се одржа во Паљурци, на местото каде што треба да се гради на црквата посветена на „Свети Павле“. На ова молитвена и еколошка средба учество зедоа верници и млади од повеќе парохии од Струмичко – скопската епархија.
Молебенот до Пресвета Богородица го предводеше о. Ѓорге Појразов, парох во Петралинци, додека проповед одржа о. Тома Ангелов, парох во Богданци, кој зборуваше на тема:„Чист Дух, чиста средина и чист христијански живот“. Молебенот заврши со молитвата наменета за Синодата.
Потоа следуваше еколошка акција и се чистеше околу просторот каде што е камен темелникот на црквата „Свети Павле“ и амфитеатарот, а заврши со дружење и заедништво.
к.мк