Патријархот Вартоломеј со радост ја очекува посетата на Папата на Турција

„Со радост ја очекуваме посетата на папата Фрањо за патрониот празник на нашата Црква, 30 ноември, празникот на свети Андреј, првоповиканиот меѓу апостолите“. Тоа го наведува Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во интервју за италијанското католичко списание „Христијанско семејство“, дадено по повод престојната посета на Папата на Турција, од 28 до 30 ноември 2014 година.

„Годишните посети на делегации од нашите Цркви за патроните празници – наведува Патријархот – се сведоштво за меѓусебно братско внимание и почит“. „Неговата Светост ќе ја посети нашата држава, која како што знаете по устав е секуларна држава. Тој ќе ги види симболите за нашата нација, како во Анкара, така и во Истанбул. Се разбира – продолжува Вартоломеј – Папата ќе му донесе на турскиот народ една силна порака за соживот и братски односи. Таа држава во која христијанството во првите векови ги одржа своите големи Собори, има потреба од силни гестови. Исто и Вселенската патријаршија очекува праведно признание, поради нејзината улога во прегратките на Православната Црква, но и поради нејзината илјадогодишна историја“.

Богословскиот дијалог меѓу католиците и православните продолжува – забележува Вселенскиот патријарх – и ќе ни помогне да откриеме плодови, кои дури не сме си ги замислувале. Во меѓувреме, меѓучовечките односи меѓу црковните водачи, како и меѓу Божјиот народ, ќе бидат мотор за решавање на бројните проблеми кои ги мачат нашите Цркви и секуларизираниот свет. Заедно треба да му зборуваме на современиот човек“.

РВ/В.Н.

Категорија: Свет

За авторот