Патријархот Вартоломеј: Скандал е посебно да се слави единствениот настан на Воскресението!
Во своето обраќање по Литургијата во недела 31 март 2024 година, која ја служеше во црквата Свети Теодор во месноста Влака во Цариград, Вселенскиот цариградски патријарх Вартоломеј ја истакна важноста заеднички да се празнува Воскресението Христово во источните и западните традиции.
Во својот говор тој ги упати своите најискрени желби до сите христијани кои го слават Велигден оваа недела, 31 март 2024 година. На овој ден вечната порака на Воскресението звучи подлабоко од кога и да е, бидејќи нашите неправославни браќа и сестри христијани го одбележуваат Воскресението од мртвите на нашиот Господ, славејќи го Светиот Велигден.
И се молиме на Господа на славата, заедничката прослава на Велигден што ќе ја имаме следната година, да не биде среќна случајност, случаен настан, туку почеток на воспоставување на заеднички датум за празнување на Велигден во Источното и Западното христијанство, во поглед на 1700-годишнина, во 2025 година, од свикувањето на Првиот вселенски sobor во Никеја, кој, меѓу другото, се занимавал и со прашањето за регулирање на терминот на празнување на Велигден. Ние сме оптимисти, бидејќи има добра желба и волја од двете страни. Зашто, навистина, скандал е посебно да се слави единствениот настан на едното Воскресение на Единиот Господ!“ – рече патријархот Вартоломеј.
к.мк