Патријархот Вартоломеј I на 28 април 2017 година во Египет ќе се сретне со папата Фрањо и со големиот имам на каирскиот универзитет Ал-Азхар, Ахмен ал-Тајеб.
Цариградскиот екуменски патријарх ја прифати поканата на големиот имам – известуваат повеќе интернет портали, повикувајќи се на извори блиски до цариградскиот патријарх. Така и патријархот Вартоломеј I, како и папата Фрањо и големиот имам Ал Тајеб ќе одржат говор на учесниците на меѓународната конференција за мир.
Светиот Отец ќе биде во посета на Каиро, главниот град на Египет, на 28 и 29 април оваа година. Потсетуваме дека тој и патријархот Вартоломеј I уште од порано преземаа заеднички потфати. Така во мај 2014 година ја посетија Светата Земја, а во април минатата година беа на грчкиот остров Лезбос.
РВ/к.мк