Патер Ломбарди: Папата допре до срцата на Ерменците

Патер Федерико Ломбарди се осврна на вториот ден од посетата на папата Фрањо на Ерменија кој го започна со трогателната посета на Меморијалниот центар на жртвите во геноцидот.

Папата го употреби зборот „геноцид“ за да ги спомне раните и да ги излекува, а не за повторно да ги отоври – рече патер Федерико Ломбарди коментирајќи го импровизираниот додаток кој папата Фрањо го внесе во својот говор до ерменските власти. Осврнувајќи се на вториот ден од апостолското патување во Ерменија директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол посебно ја истакна трогателната посета на Меморијалниот центар на жртвите од геноцидот.

Станува збор за место на кое силно се живее искуството на стрдањето на ерменскиот народ и Папата беше присутен без говор, само молејќи во собраност – рече патер Ломбарди и истакна дека посветата која Светиот Отец ја остави во Златната книга силно ја изразува неговата солидарност со ерменскиот народ во таа трагедија како и неговата надеж дека преку трагедиите меѓутоа се гради иднината на мирот. Многу убава беше и средбата со неколку потомци на децата кои токму во времето на геноцидот како сираци биле засолнети во Кастел Гандолфо – истакна патер Ломбарди и додаде дека меѓу нив бил и братот на надбискупот Минасијан од Ѓумбри.

Осврнувајќи се на односот помеѓу папата Фрањо и ерменскиот народ директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол напомена дека во таа земја католиците се многу мало малцинство. Затоа во таа смисла присуството на Папата не привлече голема маса на луѓе освен на утринската света Литургија во Ѓумри (…). Но, она што овде и на насекаде се воочува е тоа дека папата Фрањо има одредена неспорна харизма за комуникација со луѓето преку своите гестови, своето однесување, својата спонтаност и едноставност и така привлекува од луѓето наклонетост и посебна симпатија; навистина има нешто харизматично – рече патер Ломбарди.

Освен тоа – додаде патер Ломбарди– фактот дека спонатано го употреби зборот „геноцид“ за да го спомне крвопролевањето на Ерманците во минатиот век беше нешто што трогна, поттикна на забележителна благодарност на ерменскиот народ. Има такви гестови, тие потези кој воспоставуваат однос на големи симпатии – истакна патер Ломбарди.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот