Патер Ломбарди за патувањето на Папата во Шри Ланка

За Апостолското патување на Светиот Отец во Шри Ланка, разговараше новинар од Радио Ватикан со директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, патер Федерико Ломбарди, кој секогаш го придружува Светиот Отец на апостолските патувања.

Патер Ломбарди е воодушевен од преубавиот, срдечниот и пријателски пречек на аеродромот како и долж патот до апостолската нунцијатура. Мислам дека долж патот беа присутни околу двесте до триста илјади луѓе, а можеби и повеќе. Тоа е необично за град во кој христијаните не се мнозинство. Папата е многу задоволен, но би рекол дека првиот контакт со луѓето беше многу топол – рече патер Ломбарди, а потоа се осврна на средбата на Папата со новоизбраниот претседател како и на средбата со лидерите на различните религии.

Познато е дека претседателот го избраа малцинствата и дека никој не се надеваше на неговиот избор за претседател. Многумина полагаат голема надеж во новиот претседател и по тридесетгодишната граѓанска војна, нестрпливо очекуваат значајни промени во управувањето на државата, особено во поглед на националното помирување. Новиот претседател го прими Светиот Отец, а неговото доаѓање – на некој начин – за новоизбраниот претседател е морално охрабрување. Во последните седмици се зборуваше дека патувањето требало да се одложи; дека периодот за претседателските избори не е најсоодветно време, дека би можело да избијат конфликти, како и секогаш после изборите – потсети патер Ломбарди додавајќи:

Немаше ни еден знак на насилство: Папата го охрабри претседателот да го промовира националното помирување, а што би посакале повеќе од тоа? Папата во Шри Ланка дојде како пастир на Црквата во Шри Ланка, а католици има во сите етнички групи; во Црквата всушност владее хармонија и дело на помирување. Таа може да биде моќен фактор за ефикасно помирување во општеството кое претпело многубројни поделби. Овие денови доживувам голема Божја милост, поголема отколку што очекував – истакна патер Ломбарди, а потоа се осврна на средбата на Папата со верските лидери.

Еден од одговорните ме потсети на неуспехот на меѓурелигиската средба за време на патувањето на папата свети Иван Павле II, затоа што будистите не се појавија, додека овде будистите сочинуваат 70% од населението. Без будистите не е можен успешен меѓурелигиски дијалог. На оваа средба со Папата во салата беа присутни 600 будистички монаси. И затоа тоа е многу јасен знак: атмосферата беше проследена со голема желба да се зачекори по патот на помирување и хармонија – рече патер Ломбарди додавајќи дека некои будистички монаси му кажале дека го сакаат Папата и дека сакаат да се сретнат со него.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот