Паролин: Божјото милосрдие е потребно не само на поединецот туку и на целото општество

Јубилејот на милосрдието претставува можност за примање милости кои изобилно се нудат на сите, за целото наше битие да го пренасочат кон Исус – рече кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар за време на светата Литургија на 28 август 2016 година во конкатедралата Свети Марко во Порденоне.

Кардиналот истакна дека Исус нè поттикнува да бидеме свесни за своите граници и недостатоци и „да препознаеме дека ни е потребно Божјото милосрдие, неговата помош и поддршка.“ Тој истакна дека радосната веста во голема мера е потребна не само на поединците, туку и на целото општество.

Христијаните – продолжи кардинал Паролин– треба повторно да го откријат богатството на милостите кое им е подарено за да го направат плодно и со него да го просветлат секојдневието. Посебно ги поттикна верниците да „го препознаат Исусовото лице во сиромашните, болните, затворениците, патниците за да станат знак на милосрдието“ дарувајќи им го ближниот она што сами го примиле.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот