Папскиот држжавен секретар кардиналот Паролин ќе отпатува на 4 август во светилиштето во Арс по повод празникот на свети Иван Марија Вианеј, а потоа во светилиштето во Лурд, на 15 август каде ќе ја предводи светата Литургија за празникот Успение на Пресвета Богородица.
Франција ќе биде дестинацијата на првото службено патување на државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин, од почетокот на пандемијата. Неговото присуство во Арс на празникот на заштитникот на сите пароси го потврди за Ватикан њуз отец Патриjа Чочолски ректор на светилиштето. Папскиот државен секретар. На покана на ректорот, Папскиот државен секретар ќе ја предводи светата Литургија во вторникот на 4 август во 10.00 часот. Попладне во 15.00 часот ќе одржи конференција со наслов „Папата Фрањо и свештениците во одењето со Божјиот народ.“ (…)
Државниот секретар потоа на празникот Успение на Пресвета Богородица, ќе замине за Лурд. Таа ќе биде трета посета на кардиналот Паролин на тој богородичен град откако во 2013 година папата Фрањо го именуваше за свој државен секретар. Прв пат кардиналот тоа светилиште го посети во февруари 2017 година, како Папски делегат на одбележеувањето на Светскиот ден на болните и речиси една година подоцна за да зборува на Меѓународните денови на свети Фрањо Салешки, посветени на католичките медиуми.
По повод овогодишнешната посета кардиналот ќе служи света Литургија на Голема Богородица во рамките на 147 национално поклонение. Заради посебните мерки со цел спречување на ширењето на болеста Ковид-19, оваа година поклонението ќе се одржи без болните. Меѓутоа сите кои нема да можат да отидат во светилиштето ќе можат духовно да се соединат следејќи го славењето преку дигиталните канали.
Ватикан њуз/к.мк