Папата ќе ја предводи светата Литургија по повод 60-годишнината од почетокот на Вториот ватикански собор
Патување во Казахстан, Апостолската посета во Матера и канонизацијата на двајца блаженици, како и одбележувањето на 60-годишнината од Вториот ватикански собор. Ова е распоредот на Светиот Отец во наредните месеци што го објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
На споменденот Свети Иван XXIII, 11 октомври, воедно и 60-годишнината од почетокот на Вториот ватикански собор, Папата ќе служи света Литургија во ватиканската базилика во 17.00 часот.
Во објавениот распоред се споменува и претстојната 38. Апостолско патување на Папата во странство, каде што од 13 до 15 септември ќе престојува во Казахстан и ќе учествува на VII. конгрес на поглаварите на светските и традиционалните религии. По него ќе следи пасторална посета вп Матера на 25 септември по повод завршувањето на 27. Национален евхаристиски конгрес.
Папата на 9 октомври на плоштадот Свети Петар ќе ја предводи светата Литургија за канонизација на блажените Артемида Зати и Џовани Батиста Скалабрини.
На 2 ноември, на задушница, тој ќе ја предводи светата Литургија за кардиналите и бискупите кои починаа во изминатата година.
Ватикан њуз/к.мк