Папата ќе ја посети Полска во јули за Светскиот ден на млади
Папа Фрањо, прифаќајќи го повикот на полските епископи и власти, ќе ја посети Полска од 27 до 31 јули оваа година, по повод 31. Светски ден на млади кој ќе се одржи во Краков. Веста службено ја објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 12 март. Светскиот ден на млади ќе се одржи во Светата година на тема: „Блажени се милосрдните: тие ќе добијат милосрдие“.
Во пораката за оваа прослава, објавена минатиот септември, Папата потсети дека Божјата радост лежи во простувањето, но напомена дека милосрдието не е „бонизам“ или сентиментализам затоа што не ја поништува праведноста. Меѓутоа, единствен пат да се надвладее злото е милосрдието. Праведноста е неопходна, но не е доволна, затоа што „правдата и милосрдието треба да одат заедно“ – напиша Светиот Отец.
Светскиот ден на млади во Краков ќе биде прв на светско ниво после канонизацијата на Иван Пaвле II. Воедно тоа ќе биде трет пат оваа средба на млади да се одвива во јубилејна година. Прв пат тоа се случи во 1983/84 во текот на Светата година на откупување, а потоа во текот на Големиот јубилеј во 2000 година кога повеќе од 2 милиони млади од околу 165 земјии од целиот свет дојдоа во Рим на 15. Светски ден на млади.
РВ/Б.Р.