Директорот на Ватиканскиот прес центар, Матео Бруни, потврди дека Светиот Отец ќе учествува на свеченото затворање на Молитвената средба за мир, организирана од Заедницата Свети Егидиј, во четврток, 7 октомври 2021 година, на плоштадот до Колосеум.
Ова 35. издание на Меѓународната средба ќе се одржи во Рим на 6 и 7октомври на тема „Браќа на народите, иднина на земјата. Религиите и културите во дијалог”. Форумот ја продолжува традицијата и „духот на Асиси” по историската средба во 1986 година, инициран од Иван Павле II. Настанот беше презентиран на 27 септември од претседателот на Заедницата на Свети Егидиј, Марко Импалацо. Се очекува да присуствуваат истакнати претставници на светските религии, меѓу кои патријархот Вартоломеј I, архиепископот од Кантербери Џастин Велби и ерменскиот католикос Карекин II, како и политичари, јавни личности и претставници од културниот живот.
Настанот ќе започне во среда, 6 октомври, во аудиториумот на Конгресниот центар Нувола во Римската наслеба Еур со церемонија на отворање насловена „Да започнеме од почеток заедно“, на која ќе присуствуваа 700 луѓе во согласност со мерките за борба против Ковид вирусот. Следниот ден, повторно во Нувола Еур, од 10.00 часот, ќе се одржат 4 тематски форуми: „Повторно откривање на себе“, „Грижа за заедничкиот дом“, „Мирот е можен“ и „Иднина, која ја посакуваме“, на кои млади луѓе од различни христијански конфесии и религии ќе земат зборот. Попладнето настанот ќе се премести во Колосеумот. Папапта Фрањо ќе присигне во 17.00 часот и ќе ја предводи „Екуменската молитва за мир“, на која ќе учествуваат верници од различни христијански деноминации. Ќе проповеда католикосот на сите Ерменци Карекин II од Ерменската апостолска црква. По пристигнувањето на другите водачи и верски претставници, ќе се одржи церемонијата на затворање, на која децата амбасадори од целиот свет на учесниците ќе им упатат апел за мир.
„Ова ново издание на Молитвената средба за мир, овој пат со поголемо присуство поради ублажените мерки за пандемијата, го продолжува патот започнат од папата Фрањо: не можеме да се спасиме сами, туку заедно со братските народи и со иднината на Земја“, коментираше Марко Импалацо, претседател на Заедницата Свети Егидиј. „Средбата е насочена кон универзално братство и кризата со околината, односно како да работиме за свет што ја почитува животната средина и ја подготвува иднината за нашите деца и внуци”. „Единствениот одговор што може да се даде по оваа сериозна криза е да одиме заедно и да ги изградиме темелите на универзално братство, се разбира секој во својата разновидност, но обединети, со мисли пред се за овие народи и оние луѓе кои се најмногу – тешко погодени и кои досега – во извесна смисла – беа маргинализирани или отфрлени од големите светски општества.
„Ете затоа Свети Егидиј ги собира претставниците на големите светски религии, со цел да ги охрабри сите кон овој сон за братство, што е единствениот начин. Прво, да се запре ескалацијата на насилството, војната и тероризмот во светот, бидејќи сѐ уште има илјадници луѓе кои умираат. Второ, бидејќи религиите, кои во извесна смисла стануваат сестри, можат да дадат голем придонес во новата грижа за животната средина. Меѓу нив, се издвојуваат напорите на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој со години инсистира на оваа тема и кој ќе биде меѓу учесниците на средбата во Рим “.
Ватикан њуз/к.мк