Папата ќе посети уште една римска парохија
Парохијата „Пресвето Срце Исусово“ која се наоѓа во близина на главната железничка станица во Рим ќе биде четвртата римска парохија, која ќе ја посети папата Фрањо.
Во мај и декември минатата година Папата во две римски парохии служеше света Литургија, а на празникот Богојавление во римската парохија Алфонсо Марија де Лигуор ја посети живата Вителеемска пештера. Посетата е планирана за 19 јануари попладне.
Зенит/го*ко
Категорија:
Ватикан