Канцеларијата за печат при Светиот Престол на 7 декември објави дека Светиот Отец ќе се упати Апостолско патување во Ирак од 5 до 8 март 2021 година.
Во соопштението се истакнува дека Папата ја прифатил поканата од Република Ирак.
На неговото Апостолско патување во Ирак папата Фрањо ќе го посети Багдад, Урската рамнина – поврзана со Авраам, Ербил, Мосул и Бахдида во Ниневија.
Програмата на Апостолското патување ќе биде објавена дополнително, со оглед на развојот на здравствените ситуација во светот.