Папата ја пофали иницијативата Маријатон

Ватикан, 14.5.2013 /к.мк/ – Светиот Отец упати порака до Светското семејство на Радио Марија по повод иницијативата „Маријатон“, како и до сите слушатели на Радио Ватикан и радио станиците кои преземаат емисии од Радио Ватикан.

Драги браќа, предраги синови, посебно болни, затвореници, стари, напуштени лица, сиромашни, малтретирани и злоупотребувани, во бројни периферии се слуша гласот на Римскиот епископ преку Радио Ватикан, радиото на Папата. На сите сакам да ви се доближам и да ве помилувам со љубовта и надежта на Воскреснатиот Исус. Во оваа прилика ве благословувам вас и посебно секоја радио станица која презема емисии од Папското радио, а ги благословувам и сите драги слушатели, посебно оние кои се во најголема потреба – рече Светиот Отец.

Во оваа прилика посебно ја благословувам иницијативата „Маријатон“ на Светското семејство на Радио Марија и ги охрабрувам сите луѓе со добра волја во 65 држави, на пет континенти, кои учествуваат во деновите на мисионерство.

Светскиот Маријатон на Радио Марија се одржуваше од 10 – 12 мај на пет континенти под мотото: Да и помогнеме на Богородица да ни помогне“. Маријатонот е иницијатива за да се запознаат слушателите на Радио Марија со новите проекти во светот на Светското семејство на Радио Марија, барајќи материјална и духовна поддршка. Во следните три години се планира да се отворат во единаесет држави најмалку по една радио станица на Радио Марија. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<