Папата Фрањо ќе ја предводи светата Литургија по повод 400 годишнината од канонизацијата на свети Игнатиј Лојолски

Папата Фрањо ќе ја предводи светата Литургија по повод 400 годишнината од канонизацијата на свети Игнатиј Лојолски

На 12 март Светиот Отец ќе ја предводи светата Литургија по повод 400 годишнината од канонизацијата на светите Игнатиј Лојолски и Фрањо Ксавиер во римската црква Il Gesù. Двајцата светци се канонизирани на 12 март 1622 година, заедно со Света Тереза од Детето Исус, Свети Исидор и свети Филип Нери.

Светата Литургија, која во 17.00 часот ќе ја предводи папата Фрањо, се слави во рамки на Игнациевската година, која започна на 20 мај 2021 година, а завршува на 31 јуни годинава, по повод 500 годишнината од преобраќањето на свети Игнатиј. Лојолски.

Генералниот поглавар на Друштвото Исусовци, отец Артуро Соса, рече дека „присетуввајќи се 400 години подоцна како препознава пет толку различни луѓе како што се Игнатиј Лојолски, Тереза од Детето Исус, Филип Нери, Исидор и Фрањо Ксавиер, несомнено нè охрабрува да го следиме патот на преобраќање што го предлагаме за оваа година“. Поглаварот додаде дека „оваа прослава се одбележува на почетокот на постот, кога сè уште меѓу нас ги чувствуваме последиците од пандемијата Ковид-19 и додека се молиме оружјето да биде замолчено за да направи простор за дијалогот, кој може да доведе до помирување. правда и мир и сака да ни помогне да ја продлабочиме нашата средба со Исус Христос, за да продолжиме заедно со целиот Божји народ да напредуваме во светоста на животот на кој нè повикува самиот Господ. Придружувани сме од Дева Марија и светците кои одат пред нас по истиот пат“.

Во Катедралната црква на Друштвото Исусовци со папата Фрањо, меѓу другите, ќе сослужуваат надбискупот од Мадрид, кардинал Карлос Осоро Сиера и генералниот поглавар на Друштвото Исусовци, отец Артуро Соса, заедно со водачите на босите Кармелитјани и Ораторијанците

Преносот на литургиското славење ќе се емитува и на Vatican Media, како и преку интернет страницата https://ignatius500.global/live/

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Uncategorized

За авторот