Папата ќе ги посети Манама и Авали во Бахреин, каде се наоѓа катедралата Пресвета Богородица од Арабија, по повод Форумот за дијалог помеќу Исток и Запад. Тој ќе биде првиот Папа што ќе ја посети таа земја во Персискиот Залив
Папата Фрањо од 3 до 6 ноември 2022 година ќе го посети Бахреин – со што ќе стане првиот Папа што ја посети таа земја во Персискиот залив – по повод „Бахреинскиот форум за дијалог“, посветен на човечкиот соживот меѓу Истокот и Западот. Прифаќајќи ја поканата на граѓанските и црковните власти на таа земја – се вели во изјавата на директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни – Папата ќе замине во главниот град Манама и во градот Авали, местото каде што на 10 декември 2021 година е посвететна катедралата на Пресвета Богородица од Арабија, заштитничката на Персискиот Залив. Деталите за ова Апостолско патување ќе бидат објавени подоцна.
Писмо на Папата до Хамад бин Иса ал Калифа
Истиот ден кога беше инаугурирана катедралата, кардиналот Луис Антонио Тагле, поглавар на Конгрегацијата за евангелизација на народите, на кралот на Бахреин, Хамад бин Иса ал Калифа, му предаде писмо од папата Фрањо на кое кралот одговори изразувајќи ја својата голема желба еден ден да го види Папата во Бахреин, и ја повтори својата намера сѐ повеќе земјата да се отвора за лица кои не ја следат муслиманската религија.
Средба во Ватикан во 2014 година
Во 2014 година, папата Фрањо го прими кралот Хамад бин Иса ал Калифа во Ватикан. По тој повод, тие се осврнаа на теми за мирот и стабилноста на Блискиот Исток и промовирање на дијалогот и мирниот соживот меѓу сите компоненти на општеството. Во разговорот беше истакнат и позитивниот придонес на христијанското малцинство во земјата со шиитското мнозинство и интересот на кралот за потребите на локалната католичка заедница.
Ватикан њуз/к.мк