Папата Фрањо ја предводеше Литургијата на Велики Петок

Папата Фрањо ја предводеше Литургијата на Велики Петок во базиликата Свети Петар. Проповедникот о. Раниеро Канталамеса зборуваше за Божјото милосрдие како одговор на човечките гревови и единствена работа која може да го спаси светот.

Папата Фрањо ја предводеше Литургијата на Велики Петок во базиликата Свети Петар – денот кога Црквата си спомнува на маката, распнувањето и смртта на Господ Исус Христос. Велики Петок е единствен ден кога Црквата не принесува литургиска жртва, туку литургијата се состои од Служба на Словото, обожавање на крстот и Причест.

По обичај на тој ден хомилијата ја одржа проповедникот на Папскиот дом капуцинот Раниеро Канталамеса. Зборуваше за Божјото милосрдие како одговор на човечките гревови. Тоа се нуди бесплатно и е во согласност со Божјата праведност. Господовата љубов „достигнува до луѓето во најодалечените точки до кои дошле бегајќи од неа – самата смрт“ – рече о. Канталамеса, додавајќи: Христовата смрт го дала на сите врховниот доказ на Божјото милосрдие кон грешниците.

Проповедникот објасни дека Божјото милосрдие не стои во тензија со неговата праведност, туку ја покажува. Спротивно на милосрдието е осветата – која исто така на таинствен начин  е надоместена во Исусовата жртва на крстот.

Истакна дека само една работа може вистински да го спаси светот: милосрдието. Божјото милосрдие кон луѓето и милосрдието на луѓето едни кон други. Тоа исто така може да ја спаси и најскапоцената и најкревката работа во светот денес: бракот и семејството. Во почетокот на бракот не стои милосрдието, туку љубовта – рече проповедникот и објасни: Не се женат заради милосрдие, туку од љубов. Но, по многу години или месеци заеднички живот се покажуваат меѓусебните ограничувања, здравствени, финансиски проблеми како и оние поврзани со децата; доаѓа рутината која ја згаснува радоста. Она што може да го спаси бракот од неповратното лизгање е милосрдието.

„Небесен Оче“ – заклучи о. Канаталамеса – „преку заслугите на твојот Син на крстот кој заради нас „стана грев“ отстрани ја секоја желба за освета од срцата на поединци, семејства и народи и направи да се заљубиме во милосрдието: нека наканата на Светиот Отец во проглсувањето на Годината на милосрдието е прифатена во конкретните одговори во нашите животи и нека секој во длабочината на срцето ја искуси радоста и помирувањето со Тебе.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

 

 

 

 

Категорија: Ватикан

За авторот