Папата Фрањо ја заврши апостолската посета на Мексико

Завршувајќи го своето 12. меѓународно апостолско патување во Мексико со кратко запирање на Куба, папата Фрањо денес попладне нешто пред 15 часот се врати во Рим. Последниот настан од неговата посета на Мексико беше светата Литургија во градот Хуарез само 80 метри од границата со САД.

Се почувствував прифатен, примен со наклонетост, радост и надеж од ова големо мексиканско семејство; ви благодарам што ми ја отворивте вратата на својот живот, на својот народ – рече папата Фрањо на крајот од светата Литургија, во завршниот поздрав пред заминувањето на аеродромот. Заблагодарувајќи му се пред сè на Господ и на сите кои го направија можно неговото поклонение кои на различен начин учествуваа во таа пасторална посета, сите – како што рече – кои во тишина дадоа сѐ од себе за овие денови да бидат семејно славење. Папата истакна дека она што ни го објаснува и што ни го зацртува патот е таинственото, но вистинското присуство на Бог во конкретното тело на сите луѓе, а посебно оние најсиромашните и оние во потреба во Мексико.

Овие денови можев да утврдам дека во овој народ има многу светла кои најавуваат надеж; во вашите бројни сведоштва, на вашите лица можев да го видам присуството на Бог кој и понатаму оди по оваа земја, ве води и ја подржува надежта. Многу мажи и жени со своите секојдневни напори прават мексиканското општество да не остане во темнина – додаде Светиот Отец и спомнувајќи ги бројните деца кои родителите му ги покажувале во текот на неговото минување по улиците, истакна дека тие се пророци на иднината – според зборовите на Папата – знак на нови мугри.

Нека Марија, Мајката од Гвадалупе и понатаму ве посетува и понатаму оди по ова земја, нека продолжи да ви помага да бидете мисионери и сведоци на милосрдието и помирувањето – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот