Папата Фрањо: Христијанството е радост, Евангелието не се навестува со тажни лица
Ватикан, 31.5.2013 /к.мк/ – Светиот Дух е почетник на христијанската радост и затоа кога се навестува Евангелието неопходно е да се поседува радоста, која ја дарува Духот Божји. Ова го повтори неколку пати папата фрањо за време на Литургијата во петок 31 мај, која ја служеше во капелата на домот Света Марта. Заедно со него сослужуваа и кардинал Јозеф Томко, архиепископот Куриакозе од Фаридабад – Делхи и архиепископот Валмор Оливеира де Асеведо од Бело Хоризонте. На светата Литургијата присуствуваа група вработени од економскиот одел на Ватикан со нивниот директор Сабатино Наполитано, како и вработени од Швајцарската гарда.
Со лица како на погребение не може да се навестува Исус. Папата Фрањо на некој начин стави линија за подобро разбирање на христијанскиот живот, кој се карактеризира со чувство на тага. Ова размислување е поттикнато од двете читања наменети за светата Литургија за денешниот ден. Првото од пророк Софонија (Софонија 3,14) „Радувај се!“ Восклик на радост, Господ е со тебе!“ Евангелието говори за Елисавета и нејзиниот син, кој „воскликнува од радост“ во утробата, кога го слушна гласот на Марија, кога ја поздрави својата роднина. Папата нагласи дека „се е радост, празнична радост“. И покрај тоа нагласи Папата „ние христијаните не сме навикнати да говориме за радост, за веселба“, мислам дека многу пати ни се допаѓаат оплакувањата. А оној кој ни „дава радост е Светиот Дух“.
Всушност Духот е оној кој не води: Тој е почетник на радоста, Создател на радоста. Таа радост во Духот, ни дарува вистинска христијанска слобода. Без радост ние христијаните не можеме да бидеме слободни, стануваме робови на нашата тага. Големиот папа Павле VІ рече дека не може да се носи напред Евангелието со тажни христијани, разочарани, обесхрабрени. Така нема да можеме да го носиме напред Евангелието. Не со такви лица, како за на погреб. Многу пати лицето на христијаните е како да не одат да го слават Бог. А од таа радост доаѓа пофалбата на Марија, фалоспевот на Софониј, пофалбата на Симеон, на Ана: фалоспевот кон Бог.
А како се слави Бог? Се слави излегувајќи од самите себе, „бесплатно, како што е бесплатна благодатта, која Тој ни ја дава“, објасни папата Фрањо. Папата поттикна на испит на совеста, како еден вид молитва кон Господ. При тоа се обрати на присутните верници:
Вие, кои сте тука присутни на Литургијата, дали го славите Бог или само барате од Бог и му благодарите? Ова е нешто ново, ново во вашиот духовен живот. Славете го Бог, излезете од самите вас, за да го славите, да се губи славејќи го. Оваа Литургија, колку беше долга! Ако не го славиш Бог, не ја познаваш благодатта да губиш време славејќи го Бог, тогаш и Литургијата е долга. Но ако доаѓаш со радост, со радост кон Бог, тогаш е убава. Во тоа се состои вечноста: да го славиме Бог! А тоа нема да биде досадно, ќе биде прекрасно. Таа радост не прави да бидеме слободни.
Мајката Господова повтроно ни е примерот како да се слави Господ и каква требда да биде радоста. Црквата ја нарекува „причина за радост“ (Causa Nostra Letitiae). Зошто? Бидејќи ја носи најголемата радост, Исус.
Да ја молиме Дева Марија, која носејќи го Исус ни дава благодат на радост, на слобода на радоста. Ни дава благодат да го славиме, да славословиме со една молитва на бесплатна пофалба, бидејќи Тој е достоен секогаш да биде славен. Да ја молиме Дева Марија, да и кажеме како што учи Црквата: Дојди Пресвета Дево, ти која си толку голема, посети не и нас и дарувај ни радост. (го*ко)