Папата Фрањо испрати телеграма во која изразува сочувство за смртта на митрополитот софиски и патријарх на Бугарската православна црква. „И покрај многуте страдања, тој остана понизен и радосен човек, пример за живот посветен на Господа и неговата Црква.“
Голем сведок на верата на Бугарската православна црква. Со овие зборови папата Фрањо го спомена софискиот митрополит и патријарх на Бугарската православна црква, Неговата Светост Неофит, кој почина по долго боледување на 13 март на 79-годишна возраст, во пораката со сочувство упатена до митрополитот на Варна и Велики Преслав Јоан.
Служење на евангелието и дијалогот
Неговата Светост Неофит драгоцено служеше на Евангелието и дијалогот – се наведува во телеграмата – и покрај големите страдања тој остана понизен и радосен човек, пример за живот посветен на Господа и на неговата Црква. Затоа што Црквата, која е Тело Христово на земјата, е како врата која води во животот на воскреснатиот Господ, за христијаните смртта е премин од овој свет во вечен живот.
Утеха и мир
Папата Фрањо на митрополитот Јоан, Светиот синод и сите членови на Бугарската православна црква ги вети своите молитви, Исус Христос да ги исполни нивните срца со утеха и мир.
Ватикан њуз/к.мк