Папата Фрањо упати писмо до „Мајките од Плаза де Мајо”

Ватикан, 19.4.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо испрати писмо до аргентинското граѓанско движење „Мајки од Плаза де Мајо“. Во него тој се заблагодарува на претседателката на групата, Хебе де Бонафини за нејзините честитки по повод неговиот избор за Папа.

Во писмото се вели понатаму дека тој високо ги цени оние кои се заземаат за запоставените и оние кои се трудат таквите да ги разберат и да ги споделат нивните оправдани грижи. Писмото е со потпис од Антон Камилери, ватиканскиот потсекретар за односи со државите. Светиот Отец моли да се борат против сиромаштијата поради заедничкото добро на сите во Аргентина „со делотворни, непартиски и солидарни средства.“

Папата ја дели нивната болка и онаа на голем број мајки, кои мораа во тој период од аргентинската историја да го доживеат трагичното губење на нивните роднини и кои се уште трпат поради тоа.

Граѓанското движење „Мајки од Плаза де Мајо“ е формирана во годините на воената хунта, кога од 1976 до 1983 во Аргентина владееше диктатура од која околу 30.000 луѓе се водат за исчезнати. И самата Хебе де Бонафини, која денес има 84 години има изгубено два сина за време на диктатура.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<