Папата Фрањо: Трговските пазари не можат да управуваат со судбината на народите

Не можат финансиските пазари да управуват со судбината на народите, предупреди Светиот Отец, примајќи ги на 16 јуни 2014 година во аудиенција учесниците на собирот посветен на инвестициите со цел сузбивање на сиромаштијата и општествената нееднаквост, што го организираше Папскиот совет за правда и мир. Светиот Отец поттикна етиката да се стави во центарот на финансиските активности.

Сиромашна Црква за сиромасите, но и економија што не ги искористува слабите, папата Фрањо ја искористи оваа прилика за да истакне повторно дека во центарот на економските делувања треба да се стави човекот. Важно е етиката повторно да си го пронајде своето место во финансиските активности и пазарите да бидат во интерес на народите и општото добро на човештвото. Не можеме повеќе да дозволиме финансиските пазари да управуваат со судбината на народите, наместо да им служат за нивните потреби, или пак мал број на луѓе напредуваат прибегнувајќи кон финански шпекулации, додека многу луѓе поради тоа трпи тешки последици, предупреди Папата.

Технолошките новитети ги забрзаа финансиските трансакции, но тоа забрзување има смисла само ако се зголеми способноста за служење на општото добро, истакна Светиот Отец и додаде дека посебно скандалозни се манипулирањата со цените на прехранбените производи што има последици кога се однесува до пристапот до храната на најсоромашните лица.

Затоа е потребно владите од целиот свет итно да се заземат за да развијат меѓународен предлог со цел промовирање на пазарот на инвестиции со поголемо општествено влијаниекое ќе допринесе да сесж спротивстави на економијата на исклучување и отфрлање, истакна Папата и упати молитва до Господ за да ни помогне да не ја заборавиме минливоста на земните добра, и да се заземеме за општо добро, и тоа со посебна љубов кон најсиромашните и најслабите.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот