Папата Фрањо: Старите не се товар, туку богаство и ресурс

Папата Фрањо: Старите не се товар, туку богаство и ресурс

За да се побијат традиционалните стереотипи според кои стариот човек е болен, немоќен, изолиран и слаб, староста треба да се сфаќа и да се живее како продуктивно време и време на благодати. За тоа папата Фрањо зборуваше за време на аудиенција со италијанското Здружение на стари работнци

На нашите општества, а и на целиот свет му е потребна мудроста и искуството на старите луѓе, како и средбата помеѓу старите и младите луѓе, за да бидат погостољубиви, похумани, похристијански и за повеќе да ги почитуваат правата на сите луѓе – истакна папата Фрањо обраќајќи им се на членовите на италијанското Национално здружение на стари работници кои ги прими во аудиенција по повод 70 годишнината од основањето на здружението. За жал секогаш има премногу стреотипи што се однесува на староста сфатени само во смисла на ризик и трошоци, а не како богатство и можности – истакна Папата, и сѐ уште премногу преовладува културата на отфрлање во однос на послабите. Светиот Отец освен тоа, староста ја прикажува како „време за дар“ и „време за дијалог“.

Старите луѓе, рече Папата – не треба да се сметаат за товар, туку она што тие навистина се, односно ресурс и богаство. Тоа го покажува нивниот придонес, во последните години, сè поголемо волонтерство, скапоцена прилика за живеење на димензијата на бесплатноста. (…)

Благодарение на волонтерството и на здруженијата, староста има можност да стане активна и да биде протагонист, упатувајќи му го на општеството најголемиот предизвик, односно – објасни Папата, способноста за делотворно промовирање на човечките ресурск, чии носители се старите лица со точно одредени одлуки кои се темелат на промената на менталитетот. (…)

Втората димензија, она која староста ја сфаќа како „време за дијалог“, се збогатува со учителството кое Папата го посветува на меѓугенерацискиот разговор. Имено, Светиот Отец повторно истакна дека иднината на еден народ неопходно претпоставува дијалог помеѓу старите лица и младите, за да се изгради поправедно, посолидарно, но и похристијанско општество.

Младите се силата на патот на еден народ, а старите закрепнуваат со таа сила со своето сеќавање и со мудроста. Староста е време на благодати во кое Господ повторно ни го упатува својот повик; нѐ повикува да ја сочуваме и да ја пренесуваме верата, нѐ повикува да бидеме до оние кои се во потреба. Старите лица, бабите и дедовците имаат една единствена и изворедна способност за воочување на најпроблематичните ситуации. И кога се молат за тоа нивната молитва е силна, моќна! – истакна папата Фрањо.

Во старите лица се корените, силата, искуство на животот, семејство и воопшто заедницата и народот. Само земајќи в предвид и живеејќи ја староста во двете димензии, дарот и дијалогот ќе можеме да се спротивставиме на традиционалниот стереотип за болна стара личност, оставена на страна и со слаб идентитет затоа што е со лишена улога во општеството, како и стремежот во неа да ги гледаме само ризиците и трошоците, наместо потенцијал и ресурс.

За жал често се отфрлаат младите затоа што немаат работа; и се отфрлаат старите со желба да се одржи „врамнотежен“ економски систем во чиј центар не е човечкото битие, туку парите. Тоа не е во ред. Иднината ќе биде во дијалогот помеѓу младите и старите лица – рече Папата и додаде дека сите сме повикани да се спротивставиме на таа погубна култура на отфрлање. Повикани сме истрајно да градиме поинакво општество, погостољубиво, похумано општество кое вклучува, на кое не му треба отфрлањето на оние кои се послаби во телото и во умот, уште повеќе општество кое својот чекор го мери токму според тие луѓе – истакна на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот