Папата Фрањо ја продолжува серијата средби со свештенството на Римската бискупија, а на 29 мај разговараше со околу 90 неодамна ракоположени свештеници за прашања од пасторална природа
На почетокот на мај Папата се сретна со свештеници кои се во служба 40 или повеќе години. Домаќини на средбата беа сестрите на Друштвото на побожни ученици на Божествениот Учител, кои го пречекаа Светиот Отец со поздрави и подароци. Тој ги поздрави монахињите и другите присутни, па дур, а доби и бел балон од едно дете кое го благослови.
Потоа следуваше разговор зад затворени врати со свештеници кои се ракоположени пред 10 или помалку години. Како што објасни бискупот Микеле ди Толве, одговорен за грижа за ѓаконите, свештениците и лицата со монашки живот, некои од свештениците се ракоположени во 2024 година. Папата ја започна средбата со читање на Евангелието за тој ден и заедно измолија молитва напишана од папата Павле VI. Потоа свештениците имаа можност да се поставуваат прашања.
Како што информира Канцеларијата за печат на Светиот Престол, меѓу другото се разговарало за искуството од првите години на свештенството, радосното откривање на верата на луѓето, но и за кризите во свештеничкиот живот и за предизвиците за контакт и служење на болните, на кои треба да се пристапи со близина, сочувство и нежност.
Зборуваа за развојот на Римската бискупија, за нејзината убавина и слабости, на кои не треба да се одговара со мрморење, туку со дијалог. Понатаму, се осврнаа на Синодалниот пат и ризикот да се сведе на парола наместо да се смета за начин на живот на Црквата. Папата ја истакна и важноста од зближување со постарите. Раскажувајќи за средбата, бискупот Ди Толве рече дека Папата истакнал четири близини за младите свештеници: близина со Бога, со бискупот, едни со други во братство и близина со Божјиот народ.
Меѓу присутните беше и свештеник од Мјанмар, а за време на поздравот Папата ги вети своите молитви за таа земја. Тој сними и порака за една парохија во која вели: „Радувајте се и молете се за мене!
Потсетуваме, Папата од септември 2023 година посетува различни римски префектури за да се сретне со парохиски свештеници и префекти и да ги слушне од нив предизвиците, тешкотиите, убавините и задоволствата на нивната работа. Следната средба на Папата со римското свештенство е закажана за 11 јуни.
Ватикан њуз/к.мк