Папата Фрањо се заблагодари за божиќните честитки

Папата Фрањо се заблагодари за божиќните честитки

По молитвата Ангел Господов одржана во библиотеката на Апостолската палата на празникот Свети Стефан во саботата, на 26 декември, Папата, како и обично, се заблагодари за Божиќните честитки што ги прими деновиве.

„Атмосферата на Божиќ, која продолжува и денес и сè уште ги исполнува нашите срца, нека ја разбуди кај исте желбаата да размислиме за Исус во јаслите за да можеме да му служиме и да го сакаме во луѓето кои се покрај нас. Низ овие денови добив Божиќни честитки од Рим и други делови на светот. Невозможно е да одговорам на секој поединечно и ја користам оваа можност да им се заблагодарам на сите, особено за дарот на молитва која ја упатувате за мене и на која со задоволство возвраќам“ –  рече Папата.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот