Папата Фрањо: Светиот Дух е христијанскиот квасец за спасение

Папата Фрањо: Светиот Дух е христијанскиот квасец за спасение

Исус сака да бидеме христијани и покрај тешкотиите, страдањата, проблемите и падовите, секогаш да се оди напред со надеж дека ќе се најде ветеното наследство

Секогаш одете напред со „квасецот на Светиот Дух“, кој води кон „наследството“, кое Бог ни го остави – рече папата Фрањо на светата Литиргија во капелата на домот Света Марта на 19 октомври 2018 година, размислувајќи за делот од Евангелието според Лука и посебно се осврна на две врсти луѓе кои се развиваат на меѓусебно спротивен начин.

Исус зборува за квасецот кој помага да растеме, но зборува и за лошиот квасец, кој уништува, односно дава да растеме кон себе – рече Папата и истакна: Тоа е квасецот на фарисеите, книжниците и садукеите, односно лицемерите. Станува збор за луѓе кои се затворени во себе, настојуваат да се покажуваат и се преправаат давајќи милостиња јавно. Се грижат како би ја сочувале својата себичност и сигурност. Кога ќе се сретнат со тешкотии, како со оној човек кој го беа нападнале разбојници и го оставиле полумртов, или лепрозниот, ги гледаат со своите внатрешни закони.

Тоа е опасен квасец. Чувајте се од него! Тоа е лицемерие – рече папата Фрањо и нагласи: Исус не дозволува лицемерие кое однадвор човекот го прикажува како добар, а внатре во него се сокрива зла навика. Исус вели: Личите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија. Тој квасец дава да се расте само кон „себе“, квасец кој дава да се расте без иднина, затоа што во себичноста и центрирањето на сѐ околу себе, нема иднина. Меѓутоа, другата врста луѓе со друг квасец расте кон „надвор“. Секако, тој квасец дава да се расте како на наследници, како би имале наследство.

Потсетувајќи потоа како во Посланието на свети апостол Павле до Ефесјаните објаснува дека преку Христос стануваме наследници и предодредени, а тоа се однесува на луѓето кои се упатени према „надвор“. Папата Фрањо забележа дека тие лица понекогаш грешат, но се поправаат, понекогаш паѓаат, но повторно стануваат. Понекогаш грешат, но се кајат. Секогаш одат кон „надвор“, кон тоа наследство, затоа што е ветено. Тие луѓе се радосни и среќни, затоа што им е ветено дека ќе бидат слава и пофалба Божја. Квасецот на тие луѓе е Светиот Дух, кој нѐ поттикнува да бидеме пофалба и слава Божја.

Печатот на Светиот Дух кој ни е ветен, е гаранција за нашето наследство во исчекување на потполното откупување – рече Папата цитирајќи го апостол Павле и додаде: Токму Исус сака да бидеме секогаш на патот со квасецот на Светиот Дух, кој никогаш не дозволува да растеме кон „внатре“, како книжниците и фарисеите. Светиот Дух, имено поттикнува да растеме кон „надвор“, кон хоризонтот. Исус сака да бидеме христијани кои и покрај тешкотиите, страдањата, проблемите и падовите, секогаш одиме напред со надеж дека ќе го најдеме наследството, затоа што Светиот Дух е квасецот.

Тука треба да разликуваме две врсти на луѓе, едни кои се водени од сопствената себичност, која ги принудува да растат кон „внатре“. Се грижат само за тоа како да се покажат кон надвор за добри, и да не се гледаат нивните лоши навики. Тие се лицемери и затоа Исус вели: Чувајте се! Другите се христијаните, но и меѓу нив има лицемери, кои не го прифаќаат квасецот на Светиот Дух. Поради тоа Исус нѐ опоменува: „Чувајте се од фарисејскиот квасец“! Христијанскиот квасец е Светиот Дух кој нѐ поттикнува да се свртиме кон „надвор“, ни дава да растеме со сите тешкотии кои ги среќаваме на патот и со своите гревови, но секогаш со надеж. Светиот Дух е гаранција за таквата надеж, пофалба и радост. Тие луѓе, кои го имаат Светиот Дух за квасец, се радосни и во проблемите и тешкотиите, а фарисеите забораваат што значи да се биде радосен – рече Папата на крајот од својата проповед.

Ватиканљуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот