Храброста на апостолите доаѓа од Светиот Дух и тоа е она истата која ги помага и мачениците од денешно време – рече папата Фрањо во катехезата за време на Генералната аудиенција во среда 18 Септември 2019 година која се одржа на плоштадот Свети Петар, зборувајќи посебно за начинот на дарот на разликување, односно за способноста да се слуша Светиот Дух како би можеле да го видиме поминувањето на Бог низ историјата.
Само она што носи Божји потпис трае во времето – рече папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда. Овој пат папата Фрањо се концентрира на делот од Делата на светите апостоли кој зборува за фарисејот Гамалиел, кој поседувал способност на разликување и кој во еврејскиот синедрион застанал во одбарана на Петар и другите апостоли, кои меѓу луѓето го навестувале Исусовото слово.
Апостолите не дозволиле да се заплашат од забраната за проповедање која им ја наметнале Евреите, туку после Педесетница биле зајакнати со сојузот од Светиот Дух. И велеле: ‘Ние и Светиот Дух’ и ‘Светиот Дух и ние’. Биле неопишливо храбри – рече Светиот Отец и додаде: Но да се сетиме дека биле и кукавици, и дека побегнале кога Исус го фатила стражата. Сепак од кукавици станале многу храбри. Зошто? Затоа што Светиот Дух бил со нив. Истото се случува и со нас. Ако го имаме Светиот Дух, ќе имаме и храброст да одиме понатаму, храброст да победиме во многу борби, не само заради себе, туку и заради Светиот Дух, кој е во нас.
Тоа е истата храброста на апостолите со која сведочат и мачениците во денешно време – рече папата Фрањо и истакна: Мачениците го даваат животот, не се сокриваат дека се христијани, и денес ги има многу. Да се сетиме дека пред четири години, православни христијани, копти, работници се заклани на либиската плажа. Последните зборови кои ги кажувале биле: Исусе, Исусе. Не ја продале верата, затоа што Светиот Дух бил со нив. Одлучноста на апостолите го потресол еврејскиот верски систем и предизивкал насилни реакции како што се случува и денес кај оние кои се борат против христијанството.
Во синедрионот Гамалиел им покажа на своите браќа како треба да се преминува уметноста на одлучување во ситуации кои ги надминуваат вообичаените обрасци, потсетувајќи ги дека секој човечки проект, иако во почетокот може да биде успешен, осуден е на неуспех, додека сѐ она што доаѓа одозгора и го носи Божјиот потпис е одредено да трае – рече Папата и додаде: Човечките проекти секогаш пропаѓаат, имаат век на траење како и ние. Помислете на многу политички проекти, како се менуваат од една на друга страна, во сите земји.
Помислете на големите царства, на диктатурите од минатиот век – рече Светиот Отец и продлжи: Се чувствувале многу моќни и способни да владеат со светот. Потоа сите пропаднале. Помислете и на денешните царства, ќе пропаднат ако Бог не е со нив, затоа што силата која ја имаат луѓето во себе не е трајна. Само Божјата сила трајна. Така е и во историјата на Црквата. И покрај многуте гревови, скандали, не пропаднала, затоа што Бог е во неа. Ние сме грешници и многу пати сме направиле скандал, но Бог е со нас. Бог нѐ спасува најпрво нас, а потоа нив, но Господ секогаш спасува.
Гамалиел ги уверил членовите на синедрионот да почекаат и да не ги прогонуваат апостолите како не би ризикувале да се борат против Бог. Имено, ако ученците на Исус од Назарет верувале во лажливец, осудени се да исчезнат. Далековидните очи на Гамалиел даваат критериум кој е евангелски, затоа што повикуваат да го препознаеме стеблото според неговите плодови и да го постигнат посакуваниот ефект. Да го молиме Светиот Дух за дарот на распознавање. Да го молиме за да можеме да знаеме секогаш да ја гледаме поврзаност на историјата на спасение преку знаците на Божјото поминување во ова наше време и во лицата на оние кои се покрај нас, затоа што учиме дека времето и човечките лице се гласници на живиот Бог – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк