Папата Фрањо: Пренесете ја радоста на утехата, крстoт и молитвата

Ватикан, 7.7.2013 /к.мк/ – „Вие семинаристи, искушеници, млади луѓе, на патот за духовен повик. Вие ја претставувате младоста на Црквата. Посланието започнува со Божјот повик, Тој нас нѐ повикува да излеземе надвор и да живееме пренесувајќи ја радоста на утеха, крстoт и молитвата, рече папата Фрањо на Литургијата во Ватиканската базилика по повод Денот на богословите, искушениците, искушеничките и останатите кои се подготвваат за духовен повик, а кои се собрале од сите краеви на земјата.

„Секој христијанин е повикан да биде носител на утеха која донесува помирување и радост. Ако самите почуствуваме дека Тој нас нѐ утешува и нѐ сака, тогаш таа радост можеме да ја пренесеме и на другите. Тоа е важно за да даде посланието резултати: да ја почуствувате Божјата утеха, да можете да ја пренесете на другите. На луѓето денес и се потребни зборови, но уште повеќе и сме и потребни ние како сведоци на Божјото милосрдие и нежност која го грее срцето, дава надеж и ги привлекува луѓето кон доброто.

Тајната на Воскресението е срце кое чука за посланието на Црквата. Тоа нѐ чува од разочарување, предизвици и пропусти. И затоа крстот означува исполнување на нашето послание. Молитвата исто така е многу важна бидејќи Црквата, како што често ни говореше Бенедикт XVI не е наша туку Божја. И затоа суштината на посланието е во благодата.

Евангелизацијата се прави на колена, ми рече еден од вас. Бидете секогаш жени и мажи на молитва бидејќи без постојана врска со Бог, посланието станува работа. Ако го погледнеме Исус, ќе видиме дека пред секоја одлука или настан застанува во длабока молитва. Затоа е важно да се најде време за размислување. И што повеќе посланието вас ве води до работ, нека вашето срце биде поврзано со Христовото срце и во тоа е тајната на успехот на Господовите ученици“, рече Папата во проповедта.

Пред еден ден околу шест илјади богослови и искушеници се сретнаа со Папата Фрањо во салата Павле VI. Таму Светиот Отец им порача да ја задржат свежината и радоста, велејќи им: Нема светост во тага“.

Ги повика да не гледаат на културата на минливи вредности и да ја избегнат замката на поседување на најновиот смартфон и скапи автомобили, за да можат сѐ повеќе да се посветат на сиромашните.

„Сите денес сме жртви на минливоста бидејќи во денешно време и во вашата доба е тешко конечно да се избере“, рече Папата забележувајќи кога тој бил млад било полесно бидејќи културата нудела дефинитивни избори било граѓански или посветен живот. „Но, денес не е лесно дефинитивно да се одлучиш бидејќи станавме жртви на култура на минливости“, рече Папата и додаде дека се премногу сериозни и премногу тажни затоа што им недостига Божјата радост.

„Да станеш свештеник или посветена личност не е наша одлука, тоа е одговор на повик, повик на љубов. Ако наидете на семинарист, свештеник или чесна со тажно лице ќе ви се причини дека некој нивниот живот го покрил со мокро ќебе и можете да си помислите – па нека одат. Срцето ме боли кога ќе видам свештеник или чесна сестра во најнов автомобил. Автомобилот е неопходен, но може да се избере и некој поскромен. Замислете колку деца се гладни и пратете им ги тие пари“, рече Папата и им порача на младите нивното послание мора да биде вистинско и да лежи на четири столбови: духовна формација, интелектуална формација, апостолски живот и живот во заедница.

На крај им укажа на примерот на блажена Мајка Тереза која им помагала на сиромасите во Калкутата во Индија порачувајќи им: „Сакам Црква со повеќе посланија, не вака мирна Црква туку прекрасна Црква која оди напред!“

(Д.И.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<