Во склоп на подготовката за овогодинешниот Светски ден на сиромашните кој ќе се одлежи во недела на 18 ноември 2018 година папата Фрањо повторно изненади.
Во петок 16 ноември 2018 година во попладневените часови без претходна најава сам Светиот Птец се прошета од својот стан од домот Света Марта до плоштадот Свети Петар за да го посети монтажниот објект во кој цела недела се дава медицинска помош на оние во потреба.
Многу туристи кои кратко после 16.00 часот се најдоа на плоштадот Свети Петар останаа изненадени кога во пресрет им дојде никој друг туку самиот Свети Отец. Со некои од нив срдечно се поздрави и го продолжи својот пат кон медицинскиот гарнизон каде се сретна со медицинските работници и со сиромашните кои тогаш беа на преглед. Потоа ги посети сите простории во кои лекарите секој ден од 8.00 до 22.00 часот примаа пациенти.
Вреди да се потсети дека од понеденикот 11 ноември 2018 година, 30 лекари, медицински техничари и друг персонал даваа медицински услуги на сите кои се во потреба. Во таа акција им се придружија и неколку хуманитарни организации меѓу кои Црвениот крст и Витешкиот малтешки ред.
Одбележувањето на овогодинешниот Светски ден на сиромашните ќе заврши во недела на 18 ноември кога најпрво папата Фрањо ќе служи света Литургија во базиликата Свети Петар, а после молитвата Ангел Господов ќе им се придружи на сиромашните на заеднички ручек во аулата Павле VI како и на некои други локации во вечниот град.
Недјелја/к.мк