Светиот Отец по завршувањето на молитвата Ангел Господов повика на молитва за самитот помеѓу челниците на Соединетите Американски Држави и Северна Кореја, кој ќе се одржи на 12 јуни во Сингапур.
Папата по молитвата Ангел Господов повика на молитва за саканиот корејски народ. Тој изрази желба престојниот самит помеѓу челниците на Соединетите Американски Држави и Северна Кореја, кој ќе се одржи на 12 јуни во Сингапур, дека ќе придонесе за позитивен пат, кој ќе гарантира во иднина мир на Корејскиот полуостров и целиот свет.
Папата Фрањо ги повика сите луѓе во светот да молат за средбата помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Да ја молиме Богородица, царица на Кореја, да ги придружува тие разговори – рече папата Фрањо.
РВ/к.мк